ЗА НАС

ИСТОРИЈА ЗА КОМПАНИЈАТА

Компанијата АМГ ЕДИЛХАкоја што е основана во 2007 година, претставува млада но успешна комапија на македонскиот пазар, која се бави со изведување на различни услужни дејности од областа на градежништвото, градежно занаетчиските работи, како и трговијата со опрема и материјали.

АМГ Едилха составена од искусен тим од триесет работници (зидари, армирачи, плочкари, молери, бравари) предводени од искусни архитекти и инжинери за изведба како на своите така и на други објекти.

АМГ ЕДИЛХА се роди од потребата првата класа на материјали и квалитетната изработка да бидат со попристапни цени и достапни до сите наши потенцијални клиенти.

Постоиме за да ги оствариме желбите и потребите на нашите клиенти, кои што се и ќе останат наш врвен приоритет и се стожерот околу кој се насочува целата наша креативност и енергија.

Со нашиот стручен кадар и опремата со која располагаме подготвени сме да излеземе во пресрет на секаков тип на задачи и предизвици поставени пред нас од страна на клиентите. Квалитетот на извршените работи и запазувањето на договорените рокови се врвни приоритети во нашето работење.

MИСИЈА и ВИЗИЈА

Нашата компанија АМГ ЕДИЛХА за мисија си го зеде нудењето на решенија кои целосно ќе ги задоволат потребите на нашите клиенти, додека наша визија  е постојано унапредување на нашите услуги во градежништвото.

Партнер на АМГ ЕДИЛХА

vip_baner_golem123

УСЛУГИ

ОБЈЕКТИ

© 2014 amgedilxa.mk - Сите права се задржани!